Македонија доби свој јазол за размена на интернет сообраќајот, со што цените во наредниот период се очекува да паднат од 15% до 20%. Систем-салата на националната точка за размена на интернет сообраќај Матрикс со наоѓа во зградата на Македонската радиотелевизија и неа ќе ја раководат од Македонската академска истражувачка мрежа - МАРНЕТ. Досега над стоте домашни интернет сервис провајдери се поврзуваа преку јазлите во Виена или Софија кои се најблиските до Македонија. Вчера министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски ја посети салата со серверите и најави дека интерес за поставување на свои сервери во македонскиот Матрикс има и од светскиот пребарувач Гугл кон кого се одвива 30% од вкупниот интернет проток на Македонија.
Македонија доби свој јазол за размена на интернет сообраќајот, со што цените во наредниот период се очекува да паднат од 15% до 20%.
Систем-салата на националната точка за размена на интернет сообраќај Матрикс со наоѓа во зградата на Македонската радиотелевизија и неа ќе ја раководат од Македонската академска истражувачка мрежа - МАРНЕТ. Досега над стоте домашни интернет сервис провајдери се поврзуваа преку јазлите во Виена или Софија кои се најблиските до Македонија.
Вчера министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски ја посети салата со серверите и најави дека интерес за поставување на свои сервери во македонскиот Матрикс има и од светскиот пребарувач Гугл кон кого се одвива 30% од вкупниот интернет проток на Македонија.
- Граѓаните сега добиваат поевтин, побрз и посигурен интернет, бидејќи ќе има поконкурентни услуги и пакети на пазарот. Статистиката ширум светот покажува дека со воведување ваков јазол, каде сите локални интернет сервис провајдери се поврзуваат, цените за интернет услугата може да паднат од 15 до 20 проценти. Затоа уште од почетокот заедно со МАРНЕТ го поставивме овој проект како приоритет и издвоивме буџетски средства - изјави Ивановски. Станува збор за инвестиција од 300 илјади евра.
Со влезот на Гугл во Македонија, Ивановски очекува да се намали потребата за излегување на интернет посетителите од Македонија и интернет посетеноста да може тоа да се затвори во земјава.
- Очекуваме откако ќе биде во функција оваа сала (за десетина дена) повторно да се обратиме до Гугл и се надеваме да ги видиме и нивните сервери да бидат дел од оваа систем сала. Тоа апсолутно значи дека кеширањето ќе се одвива во оваа сала и најчесто посетуваните веб страници и информации кои ги прибира Гугл ќе бидат лоцирани токму во Македонија. Ако за отворање на одредена веб страница биле потребни три секунди, сега тоа би било за една секунда, или многу пократко - рече Ивановски.
Директорот на МАРНЕТ, Сашо Димитријоски информира дека систем-салата е изградена според најсовремени светски стандарди, со најсовремена технологија и сигурносни системи што ќе гарантираат непречено функционирање во секакви услови.
- Со воспоставувањето на првите спојувања внатре во интернет размената автоматски ќе се постигне посигурен и побрз интернет. Сообраќајот што ќе биде лоциран во Македонија ќе се затвора тука, значи нема потреба да излегува надвор, а тоа ќе овозможи на голем дел компании што нудат интернет содржини со поевтина цена да можат да стигнат до крајните корисници - изјави Димитријоски, истакнувајќи дека дел од компаниите нестрпливо го очекуваат функционирањето на Матрикс затоа што ќе им се намалат трошоците.